Легендарниот Тоти на 48-годишна возраст за малку ќе заиграл во Серија А?!

Легендарниот Франческо Тоти ја изненади италијанската јавност со тврдењето дека оваа сезона бил блиску до враќање на фудбалот и тоа во клубот од Серија А. Како што тврди легендарниот италијанец, секоја ден напорно тренирал, бил во топ-форма, но враќањето не се случило само поради тоа што морал да се пресели во друг град.

„Постоеше можност за враќање во фудбалот. Се работеше за клуб од Италија, од Серија А. Се колнам, се чувствував навистина одлично. Тренирав секој ден по два часа. Бев во топ-форма, што се однесува до издржливоста и секој друг аспект. Не се оствари бидејќи ќе требаше да се преселам во близина на Касано, можете да замислите?“ – рече Тоти.

Многумина претпоставуваат дека се работи за Џенова, со оглед на тоа дека неговиот поранешен соиграч, Антонио Касано, во моментов живее во тој град.

Доколу Франческо Тоти се одлучеше да се врати во Серија А, тогаш ќе станеше апсолутен рекордер по возраста и ќе го срушеше рекордот на голманот на Лацио, Марко Балота, кој последниот настап го имаше со полни 44 години.

- Оглас -

Најнови вести