Легендарниот тренер се враќа на „Енфилд“ за прославата на титулата

Легендарниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе биде присутен на последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата, против Кристал Палас. Веста ја потврди актуелниот стратег на Црвените, Арне Слот.

Мечот ќе се игра вo недела, на 25 мај, на „Енфилд“, и ќе биде кулминација на исклучително успешната сезона за Ливерпул, која заврши со освојување на титулата во Англија.

Клоп, кој го напушти клубот во мај 2024 година по девет сезони на клупата на Ливерпул, ќе се врати во градот на 23 мај, каде ќе биде специјален гостин и предавач на годишниот добротворен бал на локалната фондација на клубот.

Германецот ќе остане во градот и за викендот, за да биде дел од прославата на титулата – нешто што фановите на Ливерпул сигурно ќе го пречекаат со голема еуфорија.

„Јирген секогаш е добредојден на ‘Енфилд’. Го поканив на неколку меча оваа сезона, но тогаш беше зафатен. Среќен сум што ќе биде со нас во овој посебен момент“, изјави Арне Слот.

- Оглас -

Најнови вести