Легендарниот црногорски фудбалер ќе остане без скршена пара

Некогашниот црногорски фудбалер Мирко Вучиниќ повторно е во центарот на италијанската јавност, но овојпат не поради фудбалски мајстории, туку поради проблеми со законот. Италијанските медиуми открија дека Вучиниќ затаил данок во вредност од 5,8 милиони евра.

Вучиниќ не пријавил данок за време на неговиот престој во тимот на Ал Џазира во Обединети Арапски Емирати. Судот во Рим го прифати барањето на обвинителството да му биде запленет имотот на некогашниот фудбалер на Лече, Рома и Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести