Легендарниот црногорски фудбалер може да заврши во затвор

Некогашниот црногорски репрезентативец Мирко Вучиниќ се најде во небрана ситуација. Италијанскиот суд подигна обвинение кое се темели на истрагата што ја водеше финансиската полиција, а се однесува за затајување данок од страна на Вучиниќ.

Обвинителот Масимилијано Кардучи побара затворска казна во траење од четири години за некогашниот фудбалер на Јувентус, Рома и Лече. Адвокатот на Вучиниќ бара ослободителна пресуда затоа што обвинението се однесува за период од 2014 до 2017 година, период во кој фудбалерот играл во Обединетите Арапски Емирати.

Пресудата за овој случај треба да биде позната на 19 октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести