Легендарниот украински голман Андриј Пјатов ѝ стави крај на својата кариера како чувар на мрежата, а клубот Шахтар Доњецк веднаш му најде работа, од денеска Пјатов е нов тренер на голманите.
Официјалното простување на Пјатов ќе се случи на 6 август, кога Шахтар во Лондон ќе одигра пријателски меч со Тотенхем.
Пјатов, кој има 39 години, бранеше за Шахтар од 2007 наваму, но во последните две сезони имаше само 15 настапи, па психички беше подготвен за пензија. Тој е рекордер во историјата на Шахтар со 28 освоени трофеи, имаше 482 настапи за клубот од Доњецк, а најголем успех му беше освојувањето на Лигата на Европа.