Легендарниот Ваха ќе добие отказ и нема да го води Мароко на СП во Катар

Легендарниот тренер, Вахид Халилхоџиќ ќе добие отказ и нема да го предводи Мароко на Светското фудбалско првенство во Катар.

Иако ваквата одлука сè уште нè е официјализирана, истата ќе биде соопштена на прес конференција кон средината на мај, а сето ова се случи поради тоа што тренерот одбива да ги повика Хаким Зијеш и Нусаир Мазрауи кои што според него, недоволно се залагале на тренинзите.

Уште поневеројатен е податокот дека Ваха во својата кариера успеа да ги одведе Јапонија, Брегот на Слоновата Коска и сега Мароко на СП, а непосредно пред стартот доби отказ од првите две, додека му виси и работата во Мароко.

Останува да се види дали се точни пишувањата од оваа држава, или пак во наредните денови ќе има промени во ветриштата, и дали селекторот ќе се предомисли поради притисокот на јавноста, или пак федерацијата ќе затане во негова одбрана.

- Оглас -

Најнови вести