Легендарниот велшанец ќе биде тренер на клубот кој е во негова сопственост?

Легендата на Велс и на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, е пред враќање во тренерската работа откако во јуни 2022 си замина од клупата на велшката репрезентација.

Тој го напушти селекторското место поради скандалот и обвинувањата од неговата поранешна девојка, која го обвини дека физички ја малтретирал, но сега е ослободен од сите обвинувања и нема пречка да ѝ се врати на работата.

Сепак, во моментов е во потрага по нов клуб, а нема да биде изненадување доколку седне на клупата на Салфорд сити, клуб од четвртата англиски лига, чиј косопственик е заедно со браќата Фил и Гери Невил, Пол Сколс, Ники Бат и Дејвид Бекам.

Се работи за клуб од околината на Манчестер, кој во моментов се натпреварува во англиската Лига 2 и е на 19-тата позиција од 24 екипи.

- Оглас -

Најнови вести