Како што се ближи крајот на сезоната во Примера дивисион во Шпанија, така станува потензична борбата за титулата меѓу Реал Мадрид и Барселона. Двата клуба имаат еднаков број бодови, но Реал е во предност поради подобриот биланс во меѓусебниот дуел.
На последната средба на свој терен, Кралскиот клуб со 2:0 ја победиј Мајорка, но еден според момент остави дилеми дали судиите правилно пресудија. Во акцијата пред Реал да го постигне првиот гол, имаше контакт меѓу Дани Карвахал и Дани Родригез.
Играчот на Мајорка падна и бараше фаул, но не го доби. Неколку секунди подоцна Реал даде гол и поведе со 1:0. Во анализата за судењето која се прави во Шпанија, докажаните арбитри Андухар Оливер и Итуралде Гонзалез имаа заедничко мислење дека погодокот на Реал е нерегуларен, односно дека прво постоело фаул на Карвахал врз противничкиот играч.
„Во зачетокот на акцијата имаше фаул од Карвахал врз Дани Родригез. Тоа требаше да го види и да го санкционира судијата Мелеро Лопес. Тоа е чист прекршок“, велат судиите во анализата.
По таа акција, Винисиус Жуниор даде гол за водство на Реал од 1:0, а во вториот дел погоди Серхио Рамос за конечни 2:0 и три бода за Реал Мадрид.
https://twitter.com/i/status/1275917776914350090