Големиот Кевин Харлан ја најавува НБА-лигата од најнеобичното место што можете да го замислите, а за да не му пречи никој во работата од дома, го одбра сопствениот подрум.
Харлан е легенда во НБА и звучи чудно, но е вистинито, па кога веќе мора да се работи од дома во услови на пандемија со ковид-19, Кевин си најде згодна позиција.
Видеото што го сними неговата ќерка стана хит на социјалните мрежи, а на сензационалниот потег и избор на Харлан, кој е еден од најдобрите најавувачи во НБА, сите гледаат со многу симпатии.
Погледнете како изгледа шоуто на Харлан од неговиот подрум и најавата на претсезонскиот меч меѓу Сакраменто кингс и Голден стејт вориорс.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1339389258574880768?s=20