Легендарното прашање на сезоната го има играч на Тотенхем: Што ти дава Салах за да браниш вака? (Видео)

Ерик Даер го има најлегендарното прашање на сезоната, а беше упатено кон голманот на Норич, Тим Крул, кој бранеше чесно и покрај поразот на Канаринците од 0:5 на мечот со Тотенхем во последното коло.

Крул неколкупати му одбрани удари на Хјунг-Мин Сон кој биеше битка за прв стрелец во Премиерлигата со Мохамед Салах од Ливерпул.

За Норич мечот беше ревијален, но Крул не се даваше и непосредно пред вториот гол на Сон, Даер кој му е соиграч на јужнокореецот го праша Холанѓанецот: Што ти дава Салах за да браниш вака?

Dier to Krul before Son’s second goal: “What’s Salah giving you man?” from soccer

Прашањето го збуни голманот на Норич, а Сон потоа по вторпат му ја затресе мрежата, но не успеа да даде барем уште еден гол за да биде сам на врвот на листата со најдобри стрелци во Премиерлигата.

Салах постигна еден гол за Ливерпул во победата од 3:1 против Вулверхемптон и со 23 гола го дели врвот на коначната листа со најдобри стрелци со Сон.

 

- Оглас -

Најнови вести