Легендата Бранко се бори за живот (Видео)

Некогашниот бразилски репрезентативец Бранко, кој во 1994 година постигна еден многу убав и важен гол за Кариоките на нивниот пат до светската титула на Мундијалот тоа лето, се наоѓа на реанимација и во многу тешка состојба е, како резултат на компликации од коронавирус.

Бранко во април треба да наполни 57 години, а работи во бразилската фудбалска федерација и тоа со младинските селекции. Тој е во болница во Рио де Жанеиро бидејќи имал проблем со дишењето и белите дробови, па ставен е на респиратор.

Состојбата му била стабилна, но и понатаму е критична. Бранко е бивш играч на на Џенова, Бреша, Мидлсброу, Метро Старс и Порто, како и на неколку клубови од Бразил.

Потсетување на голот на Бранко од слободен удар во четвртфиналето против Холандија, за водство и победа на Бразил од 3-2:

- Оглас -

Најнови вести