Легендата Чави и тоа го дочека: Го бркаат надвор! (Видео)

Еден од најдобрите играчи за врска во последниве 20 години, Чави Ернандес, почувствува колку може да биде неблагодарна тренерската работа. Чави во текот на целата играчка кариера доживеал многу овации на различни делови во светот, но сега не е му оди најдобро како тренер.

Чави реши да се пензионира како играч на Ал Сад, каде веднаш продолжи како тренер. Сепак, Шпанецот е под голем притисок од навивачите, посебно по поразот на домашен терен од Катар СЦ со 0:3. Гостите на полувремето водеа со 2:0, а фановите од трибините побараа Чави да добие отказ од тренерското место.

https://twitter.com/i/status/1193186379980783617

Ал Сад моментно е на четвртото место на табелата во домашното првенство со 15 бодови.

- Оглас -

Најнови вести