Легендата доби лекција по снукер: О’Саливен во немоќ дури и легна на масата (Видео)

Марк Селби стана само четвртиот снукер играч во историјата кој успеал да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Шкотска откако во финалето со убедливи 9:3 го победи Рони О’Саливен. Шесткратниот светски првак О’Саливен едноставно беше немоќен против расположениот Селби.

По првиот дел Селби водеше со сигурни 6:2, а на почетокот на вториот дел го освои воведниот фрејм и поведе со 7:2. Потоа О’Саливен намали на 7:3, а во 11-тиот фрејм легендарниот снукер играч направи голема грешка, што го чинеше загубен фрејм и 8:3 за Селби. Потоа беше јасно дека Марк ќе го одбрани тронот во Шкотска и заработи 70.000 фунти.

За тоа колку О’Саливен беше немоќен и нерамноправен противник во финалето, покажува и ова негово промашување.

 

 

- Оглас -

Најнови вести