Легендата е убедена: Халанд во четврта лига нема да може да даде 60 гола

Ерлинг Халанд на фантастичен начин ја започна кариерата во дресот на Манчестер сити. Во 14 средби кои ги одигра досега, Халанд постигна 20 погодоци, а има и три асистенции. Халанд веќе постави неколку рекорди во англискиот фудбал, а ако вака продолжи, ќе биде сопственик и на уште други рекордни постигнувња.

И покрај одличните игри што ги покажува, има и такви кои уште се сомневаат во квалитетот на Халанд. Легендарниот Пол Мерсон тврди дека Халанд не би можел да постигне 60 погодоци во четвртиот ранг од натпреварувањето во Англија. Според Мерсон, Халанд сега постигнува толку многу голови благодарение на одличните соиграчи кои ги има.

„Нему му се потребни добри играчи да му даваат топка на тацна. Сите зборуваат како неговите движења се одлични, но сето тоа е небитно ако нема кој да му даде вистинска топка. Тој сигурно нема да може да даде 60 голови во Лига 2 (четврта лига во Англија). Сум работел таму и знам што зборувам“, вели Мерсон, кој како тренер има работено во Валсал во периодот од 2004 до 2006 година, но потоа реши да се тргне од тренерските води и да работи како телевизиски аналитичар за фудбал.

Мерсон играчката кариера ја започна во Арсенал во 1985 година и меѓу Топчиите беше до 1997 година. Постигна 78 голови за Арсенал, со кого се радуваше на две титули во Премиер лигата. Во кариерата играше уште и за Брентфорд, Мидлсбро, Астон вила, Портсмут и неколку клубови во пониските лиги.

Во дресот на англиската репрезентација Мерсон одигра 21 меч.

- Оглас -

Најнови вести