Јапонија има шанси да го освои Светското првенство е (пре)оптимистичката прогноза на поранешниот јапонски репрезентативец Кеисуке Хонда.
Самураите обезбедија место на СП 2026 година, тие се можеби најсилна селекција во Азија. Пред три години во Катар ги победија Шпанија и Германија во групната фаза, пред да бидат елиминирани во осминафиналето од Хрватска на пенали, па Хонда верува дека сега може да стигнат уште подалеку.
„Нашиот тим има потенцијал не само за првите 4, туку дури и за титулата. Ништо не е невозможно. Моментално имаме квалитетни играчи и им посакувам да го сторат тоа“, коментираше поранешниот играч од средниот ред, кој ја заврши кариерата минатата година.
Хонда имаше 98 настапи за јапонската репрезентација, со која играше на Мундијалите во 2010 и 2014 година. Неговите најдобри настапи во клупската кариера беа во Милан и ЦСКА Москва.

