26.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Легендата им направи осум правила на младите аргентински фудбалери за да бидат подобри луѓе

Хавиер Маскерано имаше богата фудбалска кариера, а сега е предводник на аргентинската репрезентација до 20 години.

Тамошните медиуми известуваат дека некогашниот играч на Ливерпул и Барселона им вовел осум правила кои што мора да се почитуваат за како што велат тие, да станат подобри луѓе.

Задолжително пишување на домашните задачи, учење на англиски јазик, читање на книги пред секое патување, чистење на сопствените копачки, самостално да си зимаат храна пред некој да им ја донесе, враќање на танјирите, чистење на собите, и присуствување на најразлични работилници.

Неговата цел е да ги научи младите фудбалери на дисциплина и почит кон останатите, а потоа да бидат врвни спортисти.

- Оглас -

Најнови вести