Легендата ја заврши кариерата и веднаш најде нова работа

Еден од најдобрите неамерикански кошаркари Луис Скола конечно реши да стави крај на кариерата. Скола, кој во април ќе наполни 42 години, реши да се повлече од активното играње и веднаш доби нова работа. Аргентинецот е поставен за извршен директор на италијанскиот прволигаш Варезе.

Токму Варезе беше последниот клуб за којшто играше Скола, и тоа само една сезона. Во 28 меча, Скола во петата деценија од животот имаше просек од 17,8 поени по натпревар. Во две и пол децениската кариера, Скола помина голем број клубови, а најдолго се задржа во Тау Керамика (од 1998 до 2007 година). Играше и во НБА, и тоа за екипите на Хјустон, Феникс, Индијана, Торонто и Бруклин.

Со Аргентина, Скола стигна до златото на Летните олимписки игри во Атина во 2004 година, а беше и бронзен на ЛОИ во Пекинг четири години подоцна. Има и две сребрени медали од Светските првенства во 2002 година во Индијанаполис и од Кина пред две години.

 

- Оглас -

Најнови вести