Легендата Лавринович ја згрози јавноста, со лакт ѕверски удри во глава противнички играч (Видео)

Литванскиот кошаркар Дариус Лавринович (40), на натпревар од подготвителниот период со лакт удри еден противнички играч, и предизвика инцидент. Ветеранот за ударот на Адомас Друнгилас беше исклучен и ќе добие казна, а денеска тој преку Фејсбук се извинуваше, но ретко кој ќе му прости за овој несфатлив потег.

Друнгилас по ударот кој го доби од 212 сантиметри високиот Лавринович, не можеше да го продолжи мечот. Лавринович е член на клубот Витис, а во минатото играл и за големи клубови како Жалгирис, Реал Мадрид, Фенербахче и ЦСКА Москва.

- Оглас -

Најнови вести