Легендата Лотар Матеус е убеден дека Баерн ќе го елиминира Интер

Германската фудбалска легенда Лотар Матеус е еден од најдобрите во историјата и на Баерн Минхен и на Интер, а во пресрет на реваншот помеѓу овие два тима од четвртфиналето во Лигата на шампионите даде храбра прогноза, дека Баварците ќе одат понатаму, иако првиот меч во Минхен им припадна на Италијанците со 2-1.

„Цврсто верувам дека Баерн ќе биде во полуфиналето. Кога е во прашање Баерн, играњето на гости секогаш им давало посебна мотивација. И минатата недела се виде дека Баерн е подобар тим, но проблемот кој се виде и против Дортмунд, е што не ги реализираат шансите. Ако ги користат шансите во Милано, Баерн ќе го надмине заостанувањето од еден гол. Кејн на првиот меч погоди статива, не му оди најдобро во последно време, но јас тоа не би ги нарекол криза, тој добро знае како се даваат голови“, изјави Матеус, кој типува на победа на Баерн од 3-1, и тоа 2-1 во регуларниот дел и уште еден погодок во продолженијата.

Во Sport Life квотата дека Баварците ќе го елиминираат Интер е 3.25. Подобриот од овој дуел во полуфиналето речиси сигурно ќе се сретне со Барселона.


Widget not in any sidebars
- Оглас -

Најнови вести