17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Легендата Марадона и головите ќе бидат симболи на дербито во Лигата на Европа

6022 Зенит – Бетис (Лига на Европа, 18.45 часот)

Интересно е што Зенит е фаворит според коефициентите, иако рускиот тим долго време паузира и нема натпревари во првенството, а Бетис е во полн погон и гази одлично во шпанската Ла Лига.

По долг период, Бетис е при врвот во едно од најсилните првенства, моментно на третата позиција што води во Лигата на шампионите.

Втор начин за да играат во луксузната европска лига идната сезона е да бидат победници во Лигата на Европа.

Можеби и не се главни фаворити за шампионската круна во ЕЛ, но вреди да се одигра на двојка на првиот дуел од 1/16-финалето против Зенит.

Предлог тип: 2 (2,85)

 

6023 Барселона – Наполи (Лига на Европа, 18.45 часот)

Ова е интересен дуел на кој ќе има и многу емоции бидејќи двата клуба ги поврзува една од најголемите фудбалски легенди, Диего Армандо Марадона.

Аргентинецот играше и за Барселона и за Наполи и беше голем миленик на навивачите на двата клуба.

Елиф Елмас и соиграчите ќе се обидат да се реваншираат за прекланската елиминација од Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Тогаш на дуелот на „Камп ноу“, првото полувреме беше фантастично, со четири гола, па Барса водеше со 3:1 и на крајот и победи со истиот резултат.

И сега се очекува ефикасен меч на две екипи што ги бие глас дека сакаат офанзивен фудбал.

Проблем за Барса е што нема да играат седуммина играчи, меѓу нив и значајни адути како Фати, Депај, Роберто, Араухо…, но Каталонците и без нив имаат одличен и многу млад тим.

И кај Наполи има неколку квалитетни фудбалери што нема да играат, меѓу нив веројатно и Осимен, а сигурно Лоботка, Лозано и Политано.

Сепак, и двете екипи имаат офанзивни решенија за да постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку 3 на мечот.

Предлог тип: 1+I&3+ (1,83)

 

6025 Шериф Тираспол – Брага (Лига на Европа, 18.45 часот)

И Бобан Николов и неговите соиграчи од Шериф го имаат истиот проблем како и Зенит, па и тие долг период немаат официјални натпревари.

Шериф нема играно од декември лани и допрва го очекува продолжението на молдавското првенство, каде што се топ-фаворити за титулата.

На гости им доаѓа Брага, еден нетипичен португалски тим, кој игра ултраофанзивно и според головите и бодовите е веднаш зад големото трио Порто, Спортинг и Бенфика.

Шериф имаше одличен настап во фазата по групи во ЛШ и една историска победа против Реал во Мадрид.

Молдавците имаат квалитетен тим со искусни интернационалци, па и покрај тоа што долго не играат значајни мечеви, поради паузата очекуваме да постигнат барем еден гол против одличниот ривал од Португалија.

Предлог тип: ГГ (1,88)

 

6024 Лајпциг – Реал Сосиедад (Лига на Европа, 21 часот)

Двете екипи имаат одличен офанзивен потенцијал и топ-напаѓачи, но сезонава не даваат многу голови.

Малку подобар е Лајпциг во Бундеслигата, но и тие можат многу подобро и знаат да играат поефикасно.

Нкунку, Силва, Форсберг… се екстра-квалитетни офанзивци, а на спротивната страна закана за голот на германските бикови ќе бидат опасните стрелци, Исак, Ојарзабал, Сорлот, Порту…

Иако влогот е голем и по двомечот ќе испадне една одлична екипа од овие две, сепак типуваме дека ќе има голови, поточно најмалку по еден во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1,65)

 

6026 Аталанта – Олимпијакос (Лига на Европа, 21 часот)

Аталанта, според многумина, може да биде една од големите мини на патот до пехарот во Лигата на Европа, иако бергамците во последно време имаат серија од пет меча без победа.

Заморот и, пред сè, повредите на дел од клучните играчи и тешкиот распоред се трите фактори за црната серија на Ла Деа.

Сосема спротивно, грчкиот гигант е во супер серија од шест меча без пораз, од кои пет се победи.

Олимпијакос има поголем рејтинг во Европа, но според нас, Аталанта и покрај проблемите и кризата, има подобар тим и ќе победи.

Предлог тип: 1 (1,50)

 

 

- Оглас -

Најнови вести