19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Легендата на Арсенал против Норвич ќе го има првиот предизвик како предводник на Топчиите

Фреди Љунгберг беше еден од омилените играчи кај навивачите на Арсенал. Швеѓанецот од денеска добива нова улога. Тој го превзема испразнетото тренерско столче, откако Унаи Емери доби отказ. Засега Љунберг е привремен тренер на Топчиите, но доколку ја искористи шансата, може да остане на чело на тимот.

Првиот предизвик за Љунберг ќе биде гостувањето на Арсенал кај Норвич. Лондонскиот клуб за прв пат по 27 години е во низа од седум меча без победа. Синоќа, Топчиите во Лондон загубија од Ајнтрахт Франкфурт со 2:1, иако на полувремето имаа позитива.

Иако засега довербата е дадена на Љунберг, шпекулациите се дека како можен нов тренер на Арсенал да биде поставен и Масимилијано Алегри кој откако реши да си замине од Јувентус, остана без работа.

 

- Оглас -

Најнови вести