Легендата на францускиот фудбал прободена со нож директно во срцето

Некогашниот француски фудбалер Даниел Конгре, кој моментално ја извршува функцијата спортски координатор во Лион, беше прободен со нож во срцето. Конгре е вистинска легенда на францускиот фудбал.

Во периодот од 2004 до 2021 година има одиграно 490 натпревари во Лига 1. Некогашниот дефанзивец на Тулуз и Монпелје беше пронајден во несвест во вила во близина на Монпелје откако изгубил голема количина крв.

Веднаш била повикана брза помош, чии вработени утврдија дека Конгре бил прободен со нож во пределот на срцето, пишува RMC Sport. За голема среќа, неговата состојба е стабилна.

Полицијата започна истрага за да ги расветли сè уште нејасните околности околу нападот врз Конгре, кој го загрози животот.

- Оглас -

Најнови вести