Легендата на Јунајтед останува во Северна Америка, ќе биде главен тренер на екипа од МЛС-лигата

Легендата на Манчестер јунајтед, Фил Невил, ќе продолжи да работи во Северна Америка, но ќе направи трансфер од Канада во САД. Тој денес потпиша три годишен договор со екипата на Портланд, која настапува во МЛС-лигата, и ќе ја предводи од клупата во наредните три првенства.

За Фил Невил ова нема да биде прво искуство во МЛС-лигата бидејќи веќе беше тренер на Интер Мајами, а потоа премина во стручниот штаб на репрезентацијата на Канада. Сега повторно се враќа во МЛС-лигата, а претходно во својата тренерска кариера беше и селектор на женската репрезентација на Англија, но и кратко беше на клупата на англискиот нисколигаш Салфорд.

Фил Невил во својата играчка кариера најголема трага остави во Манчестер јунајтед, каде што мина 11 години, а потоа уште осум сезони го носеше дресот на Евертон.

- Оглас -

Најнови вести