Манчестер јунајтед доживеа вистински дебакл и загуби со 0-3 на домашен терен од Тотенхем во Премиер лигата. Црвените ѓаволи го одиграа еден од најслабите натпревари под водство на Ерик тен Хаг, а свој коментар имаше и легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил, кој воопшто не штедеше зборови за да ги искритикува фудбалерите и тренерот.
„Апсолутна срамота. Веројатно едно од најслабите први полувремиња под водство на Тен Хаг. Тоа многу работи ни кажува. Тој не може да верува што гледа, но и јас не можам да верувам во тоа што го гледам. Ужасно. Одвратно. Се работи за основата. Јунајтед изгледаше како да е разбиен на парчиња. Веројатно постојат аматерски екипи кои одиграле подобро од Јунајтед. Ова е паб-фудбал“, рече Невил.