Легендата на Јувентус изненадно реши да ја напушти Старата дама

Андреа Барѕаљи е фудбалерот кој беше дел од сите осум титули на Јувентус во последните осум години. Централниот дефанзивец во 2011 година дојде од Волфсбург и се докажа како еден од играчите без кои не може да се замисли шампионскиот тим.

Во 206 меча во Серија А, Барѕаљи даде два гола, а на крајот од минатата сезона реши дека е време да оди во фудбалска пензија. Секако, од Јувентус не го заборавија дефанзивецот и Барѕаљи веднаш доби место во стручниот штаб на тренерот Маурицио Сари. Сепак, тренерската кариера на Барѕаљи не траеше долго затоа што денеска одлучи дека е време да се повлече и да му посвети повеќе време на семејството.

„Донесов животна одлука, бирав со срце. Почувствував дека имам потреба повеќе време да поминувам со семејството. Му благодарам на Јувентус, кому засекогаш ќе му бидам лојален“, рече 39-годишниот Барѕаљи.

Барѕаљи заедно со Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини го сочинуваа непробојното трио во одбраната на Јувентус, кое беше и клучот за многуте успеси и титули.

 

- Оглас -

Најнови вести