Легендата на Ливерпул ги отепа навивачите: Манчестер јунајтед има многу посилен тим

Ливерпул дефинитивно е во резултатска криза. Тимот од „Енфилд роуд“ победи само два пати во последните пет меча во Премиер лигата и поради тоа ја губи предноста која ја има на табелата. На последните два меча, Ливерпул освои по еден бод и сега е само со три бода пред Манчестер сити.

„Црвените“ од Ливерпул веќе 29 години чекаат на титула во првенството, а навивачите очекуваат сезонава да се радуваат. Сепак, сè повеќе владее песимизам дека Ливерпул може да стигне до трофејот. Легендата на клубот, Џејми Карагер, вели дека дури и Манчестер јунајтед, кој е на петото место на табелата во Премиер лигата, има подобар тим од Ливерпул.

„Уште вчера реков дека Манчестер јунајтед има подобра екипа од Ливерпул. Луѓето мислат дека тоа е чудно, но јас мислам дека тоа многу убаво се гледа. Мислам дека Клоп направи голема грешка со тоа што го пушти Клејн да игра како десен бек. Кеита го платија многу пари, а постојано губи топки. Фирмино не личи на себе, а од Салах не видовме ништо на дуелот против Вест хем“, вели Карагер, кој како играч не успеа да се израдува на титулата во Премиер лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести