14.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Легендата на Ливерпул која силно блескаше сега се „дави“ во долгови од 1,5 милиони фунти

Некогашната легенда на Ливерпул, Џон Барнс, повторно е во фокусот, но овојпат не на спортска тема. Барнс имаше речиси две децении кариера помината во Ватфорд, Ливерпул, Њукасл и Чарлтон, а во репрезентацијата на Англија одигра 79 меча и постигна 10 гола.

Најблескавите моменти ги имаше во Ливерпул, кога одигра 314 мечеви, а постигна 84 гола. Во Ливерпул дури има и клупа која е посветена на Барнс.

По завршувањето на играчката кариера беше тренер, но не беше успешен како кога беше фудбалер. Беше предводник на Селтик, Транмере јунајтед, како и на репрезентацијата на Јамајка, но едноставно немаше голем успех и реши да се повлече од фудбалот.

Последните неколку години се обидуваше да работи во повеќе области, дури влезе и во политичките води, но никаде немаше успех, па сега е на работ на егзистенција. Како што пишува „Дејли мејл“, Барнс е во големи долгови кои изнесуваат над 1,5 милиони фунти, па морало да прогласи банкрот и сега е во незавидна ситуација.

- Оглас -

Најнови вести