Стивен Џерард брзо ќе се врати како менаџер во Премиер лигата и има две понуди од клубови што играта во англиската елита да биде нов менаџер.
Лидс и Саутемптон се надеваат дека ќе успеат да го ангажираат познатиот поранешен фудбалер и легенда на Ливерпул, а интересно е што Џерард каде и да замине ќе има тешка задача во битката за опстанок.
Лидс, кој сепак е во подобра позиција со 19 бода на 17-то место пред една седмица го отпушти Џеси Марш, а денеска и Саутемптон го смени тренерот Нејтан Џонс.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1624769321749688320?s=20&t=K4XAjblTcTg2kIvfCYJ05g
Џерард досега како тренер работеше во редовите на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс од 2018 до 2021 година и потоа од 2021 до лани во Астон Вила.