Грем Сунес е вистинска легенда на Ливерпул. Тој со Црвените од Енфилд роуд се радувал на пет титули во првенството и три во Купот на европски шампиони и едноставно има целосно право да зборува за ситуацијата во клубот.
Сунес реши да го коментира инцидентот меѓу тренерот Јирген Клоп и голгетерот Мохамед Салах. Според Сунес, Салах е најсебичниот фудбалер што го видел.
„Мислам дека Салах ќе го напушти Ливерпул. Тој е одличен фудбалер, ако замине во Саудиска Арабија таму ќе биде вистинска ѕвезда. Има многу високо мислење за себе и беше многу лут затоа што не беше стартер на дуелот против Вест хем. Тој е најсебичниот фудбалер што го имам видено. Никогаш не е среќен кога е на клупата“, вели Сунес за Салах.