Грем Сунес стана човек од кого често се бара мислење околу одредени теми со кои sе опфаќа англискиот фудбал, како и анализирање на дел од екипите, најчесто оние од кои се очекува да бидат при врвот во Премиер лигата.
Легендата на Ливерпул се прослави со честите критики кон Пол Погба, но кога веќе го нема Французинот во редовите на Манчестер јунајтед, Сунес го „пикира“ новото засилување Каземиро, кое дури вчера пристигна во Манчестер. Според него, Каземиро не е фудбалер кој ќе ја направи разликата во тимот на Ерик тен Хаг. На Бразилецот му се погодило што бил соиграч на играчи од светска класа како член на Реал Мадрид.
„Каземиро само ќе внесе стабилност во средината, ништо повеќе. Не е играч од светски калибар кој ќе ја направи разликата на теренот. Нема посебно добар пас, ретко му проаѓа проигрување кон напред. Тој само имаше среќа што беше дел од незапирливот Реал Мадрид, играше заедно со виртуози како Крос и Модриќ. Никогаш не ми паднало на памет да го гледам Реал поради Каземиро, туку го гледав поради фудбалери како Бензема“, посочи Сунес.