3.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Легендата на Ливерпул со критики за сонародникот: „Имаше шанса да се наметне како лидер“

Флоријал Вирц минатото лето за сума од 130 милиони евра направи трансфер од Баер Леверкузен во Ливерпул, но навивачите на „црвените“ се уште чекаат на неговиот прв гол или прва асистенција во Премиер лигата.

Разочаран од игрите на Германецот е и неговиот сонародник, Дитмар Хаман, кој седум сезони го носеше дресот на Ливерпул.

„Флоријан Вирц имаше шанса да игра. Имаше шанси во последните шест до осум седмици, кога екипата не проработи од почетокот на сезоната. Дури и на натпреварите против Борнмут, Њукасл и Барнли не заслужија да победат, но победија, а тој играше. Имаше шанси да се покаже во последните три месеци. Како да верувам дека тоа ќе го направи токму сега, баш кога на екипата не ѝ оди? Не е како кога ќе дојдете, а во екипата постојат пукнатини и проблеми, а јас не знам што е тоа и зошто е тоа така.“ – вели Хаман.

Ливерпул има девет порази на последните 12 натпревари, а шест од нив се во Премиер лигата, каде веќе имаат заостанување од 11 бода позади Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести