Некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед и освојувач на Лига на шампиони во 1999 година, Двајт Јорк, доби отказ на своето прво тренерско место во кариерата. Пред 17 месеци Јорк беше назначен за нов селектор на Тринидад и Тобаго, а главна цел беше да се обиде да го одведе националниот тим на завршницата на Мундијалот кој ова лето ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Сепак, во никогаш полесни квалификации во Северна и Средна Америка (зголемен број на учесници и фактот дека Мексико, САД и Канада автоматски се пласираа), Тринидад и Тобаго не успеа да обезбеди место на завршницата. Откако не успеа да се пласира на СП 2026, Јорк добил понуда да остане селектор, но со намалена плата. Оваа понуда не била прифатена, па Јорк добил отказ.
„По завршувањето на неодамнешната квалификациска кампања за Светското првенство во ФИФА, во која Тринидад и Тобаго не успеа да се квалификува за Светското првенство 2026 година, Извршниот комитет на Федерацијата спроведе сеопфатен преглед на кампањата и целокупната насока на програмата на сениорската машка репрезентација, вклучувајќи ја нејзината техничка структура и финансиска рамка. По овие дискусии, двете страни не беа во можност да постигнат договор за предложените услови во овој момент и е донесена заедничка согласност за разделба“, “, се вели во соопштението на Фудбалската асоцијација на Тринидад и Тобаго.
Јорк како фудбалер за четири години поминати во Манчестер јунајтед се радуваше на три титули во Премиер лигата и еден трофеј во Лига на шампиони. Во играчката кариера бил дел и од екипите на Астон вила, Блекбурн и Сандерленд во англиското првенство.
Селекторската функција во Тринидад и Тобаго е прва за него во новиот предизвик.

