Бразилскиот ветеран, Фернандињо, на 40-годишна возраст објави крај на фудбалската кариера. Легендата на Манчестер сити и поранешен капитен на „граѓаните“ беше без клуб од почетокот на оваа година, а сега се одлучи и официјално да стави крај на кариерата.
„Заморен сум, а не трчав ниту 30 минути. Веќе ништо не ме мотивира во фудбалот. Остварив се што можев, сега е време да уживам со семејството.“ – рече Фернандињо.
Фернандињо ја започна кариерата во Атлетико Паранаенсе, а во 2005 година направи трансфер во Шахтер Доњецк за 7,8 милиони евра. По осум години во Украина, следуваше преселба во Манчестер сити за сума од 40 милиони евра. За девет години во Сити освои пет трофеи од Премиер лигата, а во 2022 година се врати во матичниот клуб во татковината.

