Клод Пуел е прв пик на раководството на Спортинг Лисабон за нов тренер на популарните „лавови“, по отказота за Холанѓанецот Марсел Кајзер. Човекот што цела играчка кариера ја мина во еден клуб, во Монако сега е на прагот да му биде тренер на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.
Пуел одигра 488 меча за клубот од Малото кнежевство и е легенда на Монако, а има и солидна кариера како тренер. Почна очекувано во својот клуб, а потоа со успех го предводеше Лил од клупата. Со овој клуб го освои пехарот во Интертото купот во 2004 година, а по шест сезони во 2008 година се пресели во Лион.
Со „лавовите од Жерлан“ забележа голем успех и прво полуфинале во ЛШ во 2010 година, а идната сезона се пресели во Ница, па потоа и во Саутемптон и Лестер, каде доби отказ во февруари годинава.