Легендарниот напаѓач на Реал Мадрид и освојувач на Светското првенство со Аргентина во 1986 година, Хорхе Валдано, во интервју за медиумите во неговата земја им порача на европските клубови да не се жалат бидејќи токму тие со години се однесуваат како што се однесува сега Саудиска Арабија.
„Европа не смее да заборави дека во последните 20 години се однесуваше како Саудиска Арабија. Ги зеде сите таленти од другите континенти. Сега се појави конкурент кој има пари и го сака фудбалот“, изјави Валдано.
Аргентинецот е еден од ретките кои застанаа во одбрана на Саудиска Арабија во однос на големите трансфери кои ги прават клубовите од оваа земја.