Легендата на Реал со критики за Винисиус: „Мора да се смири, си прави штета сам на себе“

Реал Мадрид со два гола од пенал го победи Реал Сосиедад на гости со 0-2, но на моменти се слушаа свирежи од трибините упатени кон Винисиус, кој постојано приговараше на судиите, а во еден момент му се нафрли и на фудбалер на Реал Сосиедад, обидувајќи се да исценира инцидент.

Кога го постигна погодокот со прстот покажуваше да молчи публиката, а потоа и покажа кон нив.

Ваквото однесување на Винисус не му се допаѓа и на легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ.

„Мора малку да се смири после се што се случуваше изминатите месеци. Многу сум разочаран од неговото однесување. Не знам зошто го прави тоа. Тоа му штети и тоа многу. Разговарав со многу навивачи на Реал Мадрид, тие се разочарани од неговото однесување.“ – вели Мијатовиќ.

- Оглас -

Најнови вести