Легендарниот напаѓач на Рома и Сампдорија, Винченцо Монтела, и официјално е нов селектор на репрезентацијата на Турција. Тој денес потпиша тригодишен договор, што значи дека ќе ја води селекцијата на Турција до Светското првенство во 2026 година.
Неговата прва цел е да ги подобри резултатите и да се пласира на Европското првенство следната година, а потоа и пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Монтела доаѓа на местото на Штефан Кунц, кој доби отказ по ремито против Ерменија на домашен терен.
Турција не е непозната за Монтела бидејќи тој веќе ја водеше екипата на Адана Демирспор, а му беше тренер и на нашиот репрезентативец Јован Манев, кој пред десеттина дена замина на позајмица во Осијек.