Легендата на Рома, Франческо Тоти, со 786 натпревари за “римската волчица“ и 307 голови во 24 сезони е ненадминлив рекордер и пример за лојалност кон својот клуб. Тој после завршувањето на играчката кариера остана во клубот на директорската функција, но во 2019-тата година си поднесе оставка после несогласувањата со претседателот на клубот.
Сега повторно е во игра негово враќање на “Олимпико“ во Рим и тоа на барање на Жозе Мурињо. Ова го потврди и самиот Тоти кој во интервју за “Кориере дело спорт“ вели дека не се одбива повикот на најдобриот тренер во светот и веќе следното лето многу веројатно ќе се врати во Рома.