Легендата на славниот шпански клуб ги советува ѕвездите да си одат

Некогашниот шпански првак и двократен финалист во Лигата на шампионите, Валенсија, е во криза. Веќе неколку години клубот е далеку од трката за висок пласман и успех е ако заврши во горниот дел од табелата, што не беше случај лани, кога беа на 13-тото место.

Навивачите на Валенсија веќе подолго време бараат да си оди газдата Питер Лим. Сингапурскиот магнат пред седум години го презеде контролниот сопственички пакет на клубот и оттогаш започна пропаѓањето на Валенсија.

Легендарниот голман Сантијаго Канизарес, кој беше дел од шампионските генерации во 2002 и 2004 година, како и од двете финалиња во Лигата на шампионите во 2000 и 2001 година, ги советува најдобрите играчи Карлос Солер и Јосе Гај да си заминат од клубот затоа што нема да имаат добра иднина во Валенсија.

„За Валенсија играв 10 години. Тука ги поминав најдобрите години од кариерата и уште живеам во овој град. Тука ми се родија сите шест деца. Сепак, кога се работи за клубот, ги советувам играчите да не ги продолжуваат договорите со Валенсија. Едноставно, Солер и Гај треба да ги штитат своите интереси и да најдат подобри клубови. Во Валенсија не се ни знае кој е спортски директор“, вели разочараниот Канизарес.

- Оглас -

Најнови вести