33.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Легендата на Тотенхем заминува во МЛС лигата

Хјонг-Мин Сон е на чекор до сензационален трансфер во МЛС лигата. Капитенот на Тотенхем е многу блиску до потпис на договор со ФК Лос Анџелес.

Американскиот клуб е подготвен да плати околу 20 милиони долари за услугите на 33-годишниот јужнокорејски ас, а преговорите со Тотенхем се во напредна фаза. Личните услови со Сон веќе се договорени, што значи дека останува само финализацијата на трансферот.

Сон денеска ја потврди разделбата со Тотенхем, опишувајќи го тоа како „најтешката одлука во животот“.
Тој веќе го известил раководството на клубот и новиот менаџер Томас Франк дека си заминува.

Сон пристигна во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен и израсна во вистинска клупска икона. За десет сезони одигра 454 натпревари, постигна 173 голови и додаде 101 асистенција. Круна на неговата кариера во клубот беше освојувањето на Лига Европа во сезоната 2024/25, кога го совладаа Манчестер јунајтед во финалето.

- Оглас -

Најнови вести