33.8 C
Skopje
недела, 10 август 2025

Легендата на турскиот фудбал се враќа во Галатасарај

Арда Туран во следниве неколку дена се очекува да биде преставен како нов играч на Галатасарај. Легендарниот турски фудбалер кој има 100 настапи во националниот тим, си замина од Башакшехир, каде што играше како позајмен играч од Барселона. Туран уште е играч на каталонскиот гигант, но според најавите, ќе биде даден на шестмесечна позајмица во Галатасарај.

Токму Галатасарај е матичниот клуб на Туран. Тој помина пет години во младинскиот тим, за да дебитира во првиот тим во 2005 година. Му фалат три настапи за да заокружи 200 меча во дресот на Галатасарај, а има постигнато и 45 погодоци.

Туран има повеќе од успешна кариера ако се знае дека од Галатасарај замина во Шпанија каде четири години играше за Атлетико Мадрид, а потоа направи трансфер во Барселона. Две годии играше на „Камп Ноу“, а потоа замина на позајмица во Истанбул Башакшехир. Сега, турскиот тим реши да ја прекине позајмицата со Туран, а се очекува Галатасарај да го врати „своето дете“ во составот.

 

- Оглас -

Најнови вести