Специјален гостин на финалето од Купот на Македонија беше и играчката и тренерска легенда на Вардар, но и прв селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Андон Дончевски. Чичко Дончо годинава ќе полни 90 години, но тоа не беше пречка специјално да долета од Австралија за да го следи својот Вардар.
„Полно ми е срцето. Пресреќен сум. За ова дојдов специјално од Австралија. Верував во овие момци дека може да го освојат трофејот кој толку долго недостасуваше во витрините на Вардар.“ – рече легендарниот Андон Дончевски.
Андон Дончевски беше дел и од славната генерација на Вардар, која во 1961 година го освои Купот на Југославија.