Легендата на Ватфорд си заминува по 11 години: Се чувствувам како да сум загубил член на семејството (Видео)

Трој Дини по 11 години, во кои даде 140 гола на 490 настапи, си заминува од Ватфорд, и тоа толку тешко му паѓа, што во прошталното видео зборува со насолзени очи.

Дини, кој има 33 години, не доби продолжување на договорот со Ватфорд, чиј капитен беше и кариерата ќе ја продолжи во Бирмингам, клуб кој се натпреварува во втора лига, популарниот Чемпионшип.

„Тешко ми е да ги објаснам моите емоции кон Ватфорд. Чувствувам тага што си заминувам, како да сум загубил член на семејството. Ватфорд ми го промени животот, Ватфорд секогаш ќе биде во моето срце“, рече меѓу другото легендата Дини.

 

https://twitter.com/i/status/1432391414097358851

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести