Легендата објави дека се пензионира: повеќе мечеви од него во Ла Лига имаат само Зубизарета и Хоакин

Легендарниот шпански фудбалер за врска Раул Гарсија, кој е трети на вечната листа на играчи со најмногу настапи во Ла Лига, ја завршува кариерата. Ова го објави неговиот клуб Атлетик Билбао, со кого неодамна го освои Купот на Шпанија.

Гарсија, кој има 37 години, има одиграно 602 натпревари во шпанската лига, со што е трети, зад голманот Андони Зубизарета и Хоакинс Санчес, коишто имаат по 622 настапи.

Освен за Атлетик Билбао, Гарсија во кариерата има играно и за Осасуна и Атлетико Мадрид. До крајот на сезоната, Билбао треба да игра и против Осасуна и против Атлетико, па тоа ќе бидат емотивни средби за Раул, кој ако останеше уште една сезона, ќе станеше и рекордер по бројот на настапи во шпанската лига.

- Оглас -

Најнови вести