Легендата првпат на 33 години доби црвен картон (Видео)

Некогашниот шпански репрезентативец Педро е запамтен како првиот фудбалер во историјата кој успеал да се запише во листата на стрелци во шест различни натпреварувања во една сезона. На Педро тоа му успеа како играч на Барселона, со која освои и најмногу трофеи во кариерата, дури 20.

Педро е познат како мирен фудбалер кој не прави инциденти, но вчера, во дресот на Рома, за првпат заработи црвен картон. На дуелот против Сасуоло, Педро најпрво заработи жолт картон во 11-тата минута, а потоа во 41-вата минута, во обид да сопре еден контранапад на гостите, по вторпат доби јавна опомена од судијата.

По вториот жолт картон, автоматски следуваше исклучување за Педро, што беше прво во неговата досегашна кариера. Искусниот напаѓач, никогаш претходно немаше заработено црвен картон, но тоа го искуси на 33 години. Со овој црвен картон, на Педро му пропадна шансата да биде еден од оние играчи кои во кариерата никогаш не биле исклучени.

Шпанецот првото исклучување го заработи во 341-виот меч во кариерата.

https://youtu.be/LpVuIMAqQm8

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести