Легендата се врати во Баерн, единствениот услов му бил да си замине Салихамиџиќ!

Карл-Хајнц Румениге повторно ќе биде дел од раководството на Баерн Минхен, овојпат како член на надзорниот одбор, но се очекува да има големо влијание во одлучувањето.

Единствениот услов за враќањето на Румениге бил од клубот да си замине Хасан Салихамиџиќ и тоа и се случи. Само неколку дена по заминувањето на Босанецот, Румениге и официјално се врати во баварскиот гигант.

„Уште во средината на април, Румениге им навести на челниците на клубот дека ќе прифати функција во надзорниот одбор само доколку Салихамиџиќ биде разрешен. Му се налути поради конфликтот со тренерот Ханси Флик. Салихамиџиќ не е единствениот виновник за турбулентната сезона и покажа големина со тоа што го напушти клубот на џентлменски начин“, се вели во германските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести