Легендата се врати во Сандерленд и го исполни ветувањето кон пријателот што ги освои срцата на сите (ФОТО)

Џермејн Дефо како слободен фудбалер потпиша за екипата на Сандерленд и многу е веројатно дека таму ќе ја заврши кариерата.

Дефој, кој беше ослободен од обврските во Глазгов Ррнџерс, се врати во тимот каде што го запозна големиот пријател, детенцето Бредли Ловери, кое ги освои срцата на сите.

Бредли боледуваше од редок тип рак, но и покрај тоа, не пропушташе натпревар на Сандерленд, а токму Дефо во тие мигови се запозна со Ловери и станаа неразделни пријатели.

А во едно од ветувањата коишто некогашниот англиски репрезентативец му ги дал на малиот Ловери е дека кариерата ќе ја заврши токму во Сандерленд.

- Оглас -

Најнови вести