Легендата сезонава не одигра ниеден меч, но доби чест прв да го подигне трофејот во Купот (Видео)

Со завршување на сезоната во фудбалска Европа, стандардно се става и крај на некоја голема кариера. Синоќа тоа беше легендарниот Икер Касилјас. Голманот кој повеќе од две години бранеше и во кариерата успеа да ги освои сите најзначајни трофеи, дефинитивно се прости од фудбалот.

Касилјас сезонава не одигра ниту еден меч, откако лани имаше мозочен удар и мораше да се повлече, но официјално беше дел од тимот на Порто. Португалскиот гигант синоќа триуфмираше во Купот, а кога дојде моментот да се подигне трофејот, соиграчите не го заборавија Касилјас.

Голманот кој не доби медал затоа што не одигра ниеден меч, сепак беше повикан прв да го подигне пехарот.

https://twitter.com/i/status/1289682672592121856

Касилјас во кариерата освен за Порто бранеше само уште во Реал Мадрид и тоа една и пол деценија. Икер во кариерата освои вкупно 23 големи трофеи, од кои најзначајни му се трите во Лигата на шампиони со Реал Мадрид, како и двете европски првенства и едно злато од Светските првенства со репрезентацијата на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести