Илкај Гундоган беше еден од клучните фудбалери во најголемите успеси на Манчестер сити. Германецот со турски корени пристигна во Премиер лигата во 2016 година од Борусија Дортмунд, а во овие девет години, само една сезона не беше член на Манчестер сити, кога настапуваше за Барселона.
Сега 34-годишниот фудбалер е на излезна врата и лесно може да се случи во следните десеттина дена да си замине. Интерес за фудбалерот кој има 358 настапи за Манчестер сити има од сите страни на светот, од Саудиска Арабија преку МЛС-лигата, па сè до врвни еврпски екипи.
Вредноста на Гундоган во моментов изнесува пет милиони евра, но Манчестер сити ќе го ослободи од обврските доколку пронајде соодветен ангажман.