Некогашниот играч и легенда на хрватскиот и југословенски фудбал, Велимир Зајец (68), денеска е изгласан за нов претседател на Динамо Загреб.
Зајец во синиот дрес на Динамо одигра 485 меча и даде 41 голови. Во два наврати беше и тренер на клубот, а има работено и како технички и спортски директор.
Тој беше фаворит на навивачите, па кога дознаа дека Зајев добил повеќе гласови од противкандидатот Мирко Баришиќ, популарните Бед Блус Бојси славеа со песни и палење факели.
Ова денеска потсети на ситуацијата од пред 24 години, кога Зајец излезе пред фановите и во стилот на Ватикан кога е избран нов Папа, им рече: „Имаме Динамо“. Тоа значеше дека се враќа саканото име Динамо на местото на Кроација Загреб, име кое клубот го носеше од 1993 до 2000 година.